Украинскиот боксер Александар Усик извојува победа над Британецот Ентони Џошуа и ги обедини титулита во верзиите WBA (Super), IBF, WBO и IBO во тешка категорија.
Борбата за титула се одржа во арената на фудбалскиот клуб Тотенхем во Лондон и траеше 12 рунди, по кои судиите едногласно го прогласија за победник 34-годишниот Украиниец.
Усик досега ги доби сите 19 професионални борби, од кои 13 со нокаут.