Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, победи на денешната трка во Формула 1 која беше возена на патеката во Истанбул за Големата награда на Турција.
Финецот од стартот до крајот на трката ја искористи пол-позицијата и не им дозволи на конкурентите да се наметнат. Втор низ целта помина Холанѓанецот, Макс Верстапен со болидот на Ред Бул додека третото место го освои неговиот клупски колега, Мексиканецот, Серхио Перез.
Натаму во Топ 10 влегоа и: Леклер, Хамилтон, Гасли, Норис, Саинц, Строл и Окон. Наредната трка во Формула 1 ќе биде реализирана на 24 октомври во САД.
од

