Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Тажна вест: Почина поранешната ракометна репрезентативка Јулија Николиќ
    Ракомет

    Тажна вест: Почина поранешната ракометна репрезентативка Јулија Николиќ

    risteBy riste12/10/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот женски ракомет утрово го потресе трагичната вест за смртта на поранешната македонска ракометарка Јулија Николиќ, позната по моминското презиме Портјанко. Јулија пристигна во Макеоднија како млада ракометарка и на само дваесет години го облече дресот на Кометал Ѓорче Петров.

    Во редовите на европскиот првак Јулија Николиќ настапуваше од 2003 до 2009 година, а во меѓувреме почна да настапува и за сениорската репрезентација на Македонија. Откако доби македонско државјанство, ракометарката беше еден од најдобрите играчи во својата генерација. Од Кометал Ѓорче Петров во 2009 година, таа се пресели во Беледијеспор во Турција, а потоа играше во француски Арвор (сега Брест), а настапуваше и во Русија за Звезда Звенигород.

    Кариерата ја заврши во Македонија, каде што Николиќ од 2013 до 2015 година ги бранеше боите на Вардар, во времето кога се склопуваше новиот тим. Јулија Николиќ имаше само 38 години,а од непознати причини за јавноста, почина утрово во Скопје каде што живееше и беше сопственик на свој бизнис.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.