Милвоки ја започна новата сезона во НБА лигата со победа на домашен терен против екипата на Бруклин со 127:104 и да потврдат дека и оваа сезона имаат состав за одбрана на тронот. Јанис Адетокунбо покажа зошто Бакс минатата сезона стигна до долгоочекуваниот шампионски прстен со страшен „дабл-дабл“ водејќи го својот тим до првата победа во новата НБА сезона.
Грчкиот кошаркар постигна 32 поени, со 14 скока и седум асистенции. Дурент на спротивната страна имаше исто така „дабл-дабл“ со 32 поени и 11 скокови, а Харден додаде 20 поени, но и тие не беа доволни за почетна победа.
Во вториот меч синоќа Голден Стејт го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 121:114 на гостински паркет. Стеф Кари имаше 21 поен со 10 скока и исто толку асистенции, додека Џордан Пул постигна 20 поени. На домашните не им помогнаа ни 67-те поени кои Леброн и Ентони Дејвис ги постигнаа заедно.