Синоќа се одиграа пет натпревари од продолжението на регуларната сезона во НБА лигата.
Лос Анџелес Лејкерс со многу труд успеа да победи на гостувањето кај Сан Антонио Спарс по продолженија со резултат 125-121. Тешка победа на домашен терен забележаа и Јута која успеаја да триумфираат над Денвер Нагетс со 122-110.
Мечот го одбележа и повредата на Никола Јокиќ кој иако имаше 24 поени за само 15 минути на паркетот, мораше да го пропушти остатокот од мечот поради повреда на коленото.
Њујорк успеа да победи против Филаделфија со 112-99 и да ја оствари третата сезонска победа. Во ова коло победија и Голден Стејт Вориорс, кои со 106-98 ја совладаа Оклахома Сити Тандер, а предводени од Лука Дончиќ, победа славеа и кошаркарите на Далас Маверикс против Хјустон Рокетс со резултат 116-106.

