Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Валентино Роси стави крај на својата богата кариера
    Меѓународен микс

    Валентино Роси стави крај на својата богата кариера

    risteBy riste14/11/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Италијанскиот мотоциклист Валентино Роси и официјално ја заврши својата богата кариера. Роси по денешната трка во Валенсија, која за него беше последна стави крај на богатата кариера исполнета со многу победи и шампионски титули.

    Валентино Роси одлучи да стави крај на кариерата и да го напушти спортот во кој останува легенда. На денешната трка го освои десеттото место, што е показател дека веќе не може да се носи со најдобрите во шампионатот. Победата денес му припадна на Франческо Бањаја, пред Хорхе Мартин и Џек Милер.

    Меѓутоа се беше во втор план, поради тоа што фокусот на јавноста по крајот од трката беше кон популарниот „доктор“ од Италија. Сите возачи на крајот застанаа и го опкружија, го прегрнаа и му посакаа убава пензија.

    Валентино Роси ја заврши кариерата со девет светски титули, 115 победи во „кралската“ класа, 235 подиуми и години поминати во тимовите на Априлија, Јамаха, Хонда и Дукати.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.