Италијанката Софија Гоџа е победничка на првиот спуст во новата сезона на Светскиот куп, а до него стигна со импресивно возење на патеката во Лејк Луиз, каде ја надмина второпласираната Американка Бризи Џонсон за речиси секунда и половина (+1,47).
За 29-годишната Италијанка, која минатата сезона го освои Малиот кристален глобус во спуст, ова беше победнички кам-бек по повредата што ја принуди да го пропушти Светското првенство во Кортина д’Ампецо.
Норвешкиот скијач Александар Амод Килдем пак, победи на вториот супервелеслалом во новата сезона на Светскиот куп во алпско скијање кој синоќа се возеше во Бивер Крик. Килд стигна до својата седма победа во Светскиот куп, четврта во супервелеслалом и прва во Бивер Крик. Одермат заврши како втор со само три стотинки заостанување зад Килд, иако имаше 12 стотинки предност на последното мерно место.

