Норвешкиот скијач Андре Омот Килде славеше на спустот во американскиот скијачки центар Бивер Крик кој се бодува за светскиот Куп.
Второто место му припадна на Марко Одермат од Швајцарија додека третото го освои Тревис Ганонг од САД. На женскиот спуст во Лејк Луис, доминираше Софија Гоџа од Италија. Второто место на подиумот го пополни Брези Џонсон од Соединетите Американски Држави а третото Корин Сутер од Швајцарија.
Денеска мажите на истата локација од 20.00 часот ќе возат нов спуст додека скијачките на патеката во Канада од 18.00 часот ги очекува трката во веле-слалом.