Лидерот во генералниот пласман за Светскиот куп во крос-кантри скијање, Јоханес Клабо и ја донесе првата победа на селекција на Норвешка во штафетната трка на 4 х 7,5 километри во Лилехамер.
Тој беше лидер на тимот во кој беа вклучени Ерик Валнес, Емил Иверсен и Симен Кругер. Вториот тим на Русија (Александар Терентиев, Илја Семиков, Артјом Малцев и Сергеј Устјугов) се најде на второто место а вториот тим на Норвешка (Пал Голберг, Мартин Ниенгет, Ханс Кристер Холунд и Харалд Амундсен) заврши на третото место.
Со денешната победа, Клаебо ја зголеми предноста во генералниот пласман. Тој има 281 бод. Втор е Александар Болшунов со 245 а трет Ерик Валнес со 185 поени.