Пред една недела одиграа нерешено на гости во Португалија, а вечерва ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе имаат можност за поправан против екипата на Спортинг Лисабон.
Добрата серија во ЕХФ Европската лига македонскиот тим може да ја продолжи вечерва на домашен терен во Битола во салата „Боро Чурлевски“. По стартниот пораз од Ним, пелистерци направија серија од четири натпревари без пораз и сега се надеваат дека оваа серија ќе продолжи и по вечерашниот дуел на домашен терен, кој за нив ќе биде нова шанса за победа и бодови кои ќе им донесат пробив кон врвот на табелата.
Спортинг има бод повеќе од Еурофарм Пелистер, но доколку вечерва победат битолчани ќе бидат пред Спортинг. Еурофарм Пелистер и натаму ја чека првата победа во меѓусебните дуели. Спортинг има две победи и едно реми, но на овој натпревар во Битола очекуваме да го доживеат и првиот пораз.
Натпреварот вечерва започнува во 20:45 часот и е дел од шестото коло во ЕХФ Европската лига.

