Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Еурофарм Пелистер посакува прва победа против Спортинг
    Ракомет

    Еурофарм Пелистер посакува прва победа против Спортинг

    risteBy riste07/12/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Пред една недела одиграа нерешено на гости во Португалија, а вечерва ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе имаат можност за поправан против екипата на Спортинг Лисабон.

    Добрата серија во ЕХФ Европската лига македонскиот тим може да ја продолжи вечерва на домашен терен во Битола во салата „Боро Чурлевски“. По стартниот пораз од Ним, пелистерци направија серија од четири натпревари без пораз и сега се надеваат дека оваа серија ќе продолжи и по вечерашниот дуел на домашен терен, кој за нив ќе биде нова шанса за победа и бодови кои ќе им донесат пробив кон врвот на табелата.

    Спортинг има бод повеќе од Еурофарм Пелистер, но доколку вечерва победат битолчани ќе бидат пред Спортинг. Еурофарм Пелистер и натаму ја чека првата победа во меѓусебните дуели. Спортинг има две победи и едно реми, но на овој натпревар во Битола очекуваме да го доживеат и првиот пораз.

    Натпреварот вечерва започнува во 20:45 часот и е дел од шестото коло во ЕХФ Европската лига.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.