Mакс Верстапен и Луис Хамилтон со изедначено бодовно салдо ќе влезат во последната сезонска трка во Формула 1 која треба да го одреди и новиот шампион.
На патеката – „Јас Марина“, во Абу Даби од 14 часот, Холанѓанецот ќе тргне од пол позицијата пред Британецот. Доколку двајцата на крајот имаат идентичен број на бодови, пехарот ќе го подигне Верстапен бидејќи има остварено повеќе сезонски победи.
Досега последната трка дури 29 пати одлучувала за победничкиот пехар. Таков случај имаше пред пет години кога Нико Розберг со болидот на Мерцедес ја освои титулата пред клупскиот колега Хамилтон.
