Пилотот на Ф1 тимот Алпин, Фернандо Алонсо, вели дека шампионскиот наслов за Макс Верстапен е чиста среќа.
„Без безбедносното возило, Луис би бил шампион. Макс страна шампион со помош на безбедносното возило. Ова е чиста среќа, мора искрено да признаете. Но, тој оваа сезона и немаше постојано среќа, а среќата го послужи на крајот. Можеби има некоја правда во ова“, изјавил Алонсо.
