Освојувачот на седум титули во Формула 1, Луис Хамилтон, не ја заслужува титулата „витез“ бидејќи не направил ништо за Велика британија, изјави поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон.
На 36-годишниот возач во ноември му беше доделена титулата Витез на Британската империја на што реагира Еклстон кој рече дека неговиот спортски успех и добротворните ангажмани не се доволни за укажаната чест
.„Мислам дека многу луѓе, како Хамилтон, кои ја добиле оваа чест, не ја заслужуваат. Ова витештво постои многу години – за оние кои направиле нешто за нивната земја“ – вели некогашниот прв човек на Формула 1.

