Откако повеќе спортисти меѓу кои и четирикратната олимписка шампионка во санкање, Натали Гајзенбергер од Германија се пожалија на условите во врска со тестовите за Ковид додека ги реализираат подготoвките, се огласи првиот човек на ИОК, Томас Бах.
„Одредени работи требаше да се подобрат, но, тоа се случи. Ниту Натали, ниту другите спортисти не треба да бидат под влијание на мерките против КОВИД-19 додека ги реализираат подготовките. Тие мора да веруваат дека сите прашања се решени и дека условите на Олимпијадата ќе бидат сосема поразлични“ – рече Бах.
Тој додаде дека времето на чекање на аеродромите е намалено и дека никој нема да мора да ги чека резултатите од нивните тестови за корона-вирус.