Тимот на Ферари објави дека нивниот возач, Шарл Леклер, бил позитивен на коронавирус веднаш по завршувањето на сезоната во Формула 1.
Според протоколите на ФИА , тој бил тестиран по враќањето од Абу Даби и веднаш испратен во домашна изолација. Претходно Никита Мазепин поради Ковид мораше да ја пропушти трката за Големата награда на Абу Даби како и шефот на Вилијамс кој не присуствуваше на трката за Големата награда на Саудиска Арабија реализирана на патеката во Џеда.
Спортскиот директор на Формула 1, Стив Нилсен, изјави дека е загрижен дека опцијата Омикрон би можела да влијае на календарот за 2022 година.

