Откако вчера победи на спустот во француското одморалиште Вал д’Изер, денеска Софија Гоџа беше најдобра и во супервелеслаломот од Светскиот куп.
Гоџа триумфираше со време од 1:19.23 минути и ја обезбеди својата петта победа од почетокот на сезоната. Мовинкел од Норвешка изненадувачки заврши втора со 33 стотинки зад Италијанката, а втората претставничка на Италија, Елена Куртони се искачи како трета на подиумот.

