Мик Шумахер, син на прославениот возач во Формула 1, Михаел, во 2022 година ќе ја има втората сезона во така наречениот „циркус на тркала“.
Младиот возач ќе остане во тимот на Хас и паралено ќе ја има улогата и на резервен во Ферари.
„Многу сум среќен што ќе биде дел од нашиот тим, но, се надевам дека нема да има потреба да ги менува Шарл или Карлос“ – вели првиот човек на Ферари, Матија Биното.

