Шефот на Формула 1 Стефано Доменикали рече дека Светскиот совет на ФИА ја поддржал идејата за задолжителна вакцинација против коронавирусот за сите лица вклучени во натпреварувањето.
Претходно, Бруно Фамен, кој е одговорен за работењето на ФИА, најави дека се разгледува оваа иницијатива. Доменикали потврди дека одлуката е веќе донесена:
„Реализиравме 22 трки во една година и тоа ни овозможува да го чекаме почетокот на сезоната 2022 со умерен оптимизам, без разлика дали сè уште ќе има Ковид. Светскиот совет на ФИА ја одобри задолжителната вакцинација на целиот персонал во Ф1 како мерка на претпазливост“, рече Доменикали.
Според Autosport, одлуката треба да стапи на сила од почетокот на 2022 година и ќе важи за сите што работат во тимовите.

