Со одлична втора трка во Крањска Гора, Словенија, освојувачката на големиот кристален глобус Петра Влхова ја забележа петтата победа во шестиот старт во оваа дисциплината од почетокот на сезоната.
Словачката скијачка беше втора по првата трка, но имаше одично време во втората и ја анулираше предноста на Венди Холдер (Швајцарија), кој повторно ја испушти првата победа. Сепак, Швајцарката заврши на второто место, а место на подиумот омаше за Швеѓанката Ана Свен-Ларсон, која остана на 1,06 зад Влхова.
Со својата петта победа, Словачката скијачка е многу блиску до малиот глобус, бидејќи нејзината предност пред втората во поредокот Микаела Шифрин е дури 240 бода на три трки до крајот на сезоната. Американката денеска направи необична грешка за неа и не успеа да ја заврши трката и не освои бодови.
Во генералниот пласман во Светскиот куп и покрај денешна трка, лидер со 886 бодови останува Шифрин, втора со 831 е Петра Влхова, а трета со 657 е Софија Гоџа.
Програмата на Светскиот куп за жени продолжува во вторник со ноќниот слалом во Шладминг, Австрија, кој првично требаше да се одржи во Флахау, но мерките против КОВИД-19 во Салцбург го оневозможија.