Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Томовски: „Игравме добро во одбрана, но невниманието нè чинеше пораз“
    Ракомет

    Томовски: „Игравме добро во одбрана, но невниманието нè чинеше пораз“

    risteBy riste14/01/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија загуби од Словенија, на оваа средба имаше и позитивни и негативни работи во играта на нашата репрезентација. Можеби овој пораз ги намалува шансите за пласманот во главната групна фаза на Европското првенство во Унгарија и Словачка, но и покрај тоа во редовите на нашата репрезентација не размислуваат за ништо друго освен за позитивен резултата со Црна Гора.

    Во подмладената репрезентација на Македонија синоќа блескаше голманот Мартин Томовски кој на денешниот брифинг рече:

    „Загубивме, но имаше многу позитивни моменти во текот на натпреварот. Игравме побрзо и поубедливо. Одбраната беше на едно повисоко ниво. Едноставно некои моменти на невнимание нè чинеа пораз. Денес е нов ден и ќе се обидеме да ги коригираме сите наши грешки и недостатоци. Верувам дека ќе искористеме што можеме да се радуваме на победа против Црна Гора. Не би се издвоиил јас како заслужен. Одбраната со блоковите и добрата анализа многу ми помогнаа. Очекувавме од каде доаѓаат словенечките шутеви и едноставно бевме спремни на овој предизвик. Црна Гора е репрезентација која можеби повеќе ни одговара, ќе ја анализираме и нивната игра“. изјави Мартин Томовски.

    Македонија веќе во мислите е на мечот со Црна Гора, селекција со која имаме многу одиграни натпреваи и остварени победи,но сепак ова е меч на ЕП и е секогаш посебен за мотивација кај двете репрезентации.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.