Македонија загуби од Словенија, на оваа средба имаше и позитивни и негативни работи во играта на нашата репрезентација. Можеби овој пораз ги намалува шансите за пласманот во главната групна фаза на Европското првенство во Унгарија и Словачка, но и покрај тоа во редовите на нашата репрезентација не размислуваат за ништо друго освен за позитивен резултата со Црна Гора.
Во подмладената репрезентација на Македонија синоќа блескаше голманот Мартин Томовски кој на денешниот брифинг рече:
„Загубивме, но имаше многу позитивни моменти во текот на натпреварот. Игравме побрзо и поубедливо. Одбраната беше на едно повисоко ниво. Едноставно некои моменти на невнимание нè чинеа пораз. Денес е нов ден и ќе се обидеме да ги коригираме сите наши грешки и недостатоци. Верувам дека ќе искористеме што можеме да се радуваме на победа против Црна Гора. Не би се издвоиил јас како заслужен. Одбраната со блоковите и добрата анализа многу ми помогнаа. Очекувавме од каде доаѓаат словенечките шутеви и едноставно бевме спремни на овој предизвик. Црна Гора е репрезентација која можеби повеќе ни одговара, ќе ја анализираме и нивната игра“. изјави Мартин Томовски.
Македонија веќе во мислите е на мечот со Црна Гора, селекција со која имаме многу одиграни натпреваи и остварени победи,но сепак ова е меч на ЕП и е секогаш посебен за мотивација кај двете репрезентации.

