Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Миркуловски: „Да се игра со срце и душа не се тренира, треба да се одигра“
    Ракомет

    Миркуловски: „Да се игра со срце и душа не се тренира, треба да се одигра“

    risteBy riste15/01/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија по поразот од Црна Гора ќе го заврши ЕП во понеделник со мечот против Данска, а по натпреварот кој го загубвме вечерва свој коментар даде и еден од најискусните во нашите редови, Филип Миркуловски.

    Искусниот Миркуловски по натпреварот не го криеше своето незадоволство од поразот и истакна дека вечерва Македонија загуби во натпревар во кој не покажа ни душа ни срце.

    „Многу сме разочарани. Поквалитетни сме од Црна Гора, но тоа како и секогаш мора да се докаже на терен. Фаворитите не победуваат секогаш. Се спремавме добро, трениравме напорно, но има нешто што не се тренира – тоа е душа и срце. Штета што тоа вечерва го немавме. Да загубевме во борба немаше толку да жалам. Загубивме со четири гола разлика, но и со срце и душа. Не треба да бараме алиби во тоа што денес го немавме Столе, ние сме одлична екипа, но денес не победи квалитетот“, рече Миркуловски по мечот.

    Во последното коло, кое е на програмата во понеделник, Македонија ја чека дуел со Данска.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.