Македонија по поразот од Црна Гора ќе го заврши ЕП во понеделник со мечот против Данска, а по натпреварот кој го загубвме вечерва свој коментар даде и еден од најискусните во нашите редови, Филип Миркуловски.
Искусниот Миркуловски по натпреварот не го криеше своето незадоволство од поразот и истакна дека вечерва Македонија загуби во натпревар во кој не покажа ни душа ни срце.
„Многу сме разочарани. Поквалитетни сме од Црна Гора, но тоа како и секогаш мора да се докаже на терен. Фаворитите не победуваат секогаш. Се спремавме добро, трениравме напорно, но има нешто што не се тренира – тоа е душа и срце. Штета што тоа вечерва го немавме. Да загубевме во борба немаше толку да жалам. Загубивме со четири гола разлика, но и со срце и душа. Не треба да бараме алиби во тоа што денес го немавме Столе, ние сме одлична екипа, но денес не победи квалитетот“, рече Миркуловски по мечот.
Во последното коло, кое е на програмата во понеделник, Македонија ја чека дуел со Данска.

