Македонија одигра добро прво полувреме и даде отпор на силната репрезентација на Данска, а по поразот од 21:31 својот кометар го даде селекторот Кирил Лазаров.
„Сакам да се подготвувам и задоволство ми е да се надмудрувам со вакви противници. Сепак, невозможна мисија беше да се даде поголем отпор, иако во одреден дел бевме рамноправни со неафирмирани млади ракометари. Овие минути многу ќе им значат на младите ракометари. Полека треба да ги најдеме тие 16-20 ракометари кои би ни служеле во следните десетина години. Друго е кога ќе ги видите младите играчи на натпревар во Суперлигата, а друго на Европско првенство против Данска. Полека ни се чисти сликата да ги најдеме тие ракометари.
Жал ми е што денес се повреди и Кузмановски на почетокот на натпреварот, покрај веќе повредениот Маџовски и морав да комбинирам. Делумно сум задоволен и многу ни значи ова првенство. Вечерва игравме против вистинска „машинерија“ и со трета постава делуваат опасно и ова е позитивно искуство за кое не можам да им замерам на ракометарите.Морам да истакнам нешто што не воодушеви, а тоа е поддршката од публиката, можам да кажам дека ова е вистинско богатство што ја имаме оваа публика зад нас, и кога губиме навиваат и не бодрат“ заврши селекторот Лазаров.

