Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров: „Данска покажа дека е вистинска „машинерија“, сега имам појасна слика за нашата ракометна иднина“
    Ракомет

    Лазаров: „Данска покажа дека е вистинска „машинерија“, сега имам појасна слика за нашата ракометна иднина“

    risteBy riste17/01/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија одигра добро прво полувреме  и даде отпор на силната репрезентација на Данска, а по поразот од 21:31 својот кометар го даде селекторот Кирил Лазаров.

    „Сакам да се подготвувам и задоволство ми е да се надмудрувам со вакви противници. Сепак, невозможна мисија беше да се даде поголем отпор, иако во одреден дел бевме рамноправни со неафирмирани млади ракометари. Овие минути многу ќе им значат на младите ракометари. Полека треба да ги најдеме тие 16-20 ракометари кои би ни служеле во следните десетина години. Друго е кога ќе ги видите младите играчи на натпревар во Суперлигата, а друго на Европско првенство против Данска. Полека ни се чисти сликата да ги најдеме тие ракометари.

    Жал ми е што денес се повреди и Кузмановски на почетокот на натпреварот, покрај веќе повредениот Маџовски и морав да комбинирам. Делумно сум задоволен и многу ни значи ова првенство. Вечерва игравме против вистинска „машинерија“ и со трета постава делуваат опасно и ова е позитивно искуство за кое не можам да им замерам на ракометарите.Морам да истакнам нешто што не воодушеви, а тоа е поддршката од публиката, можам да кажам дека ова е вистинско богатство што ја имаме оваа публика зад нас, и кога губиме навиваат и не бодрат“ заврши селекторот Лазаров.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.