Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Познати можните противници на Македонија во првиот бараж за СП 2023
    Ракомет

    Познати можните противници на Македонија во првиот бараж за СП 2023

    risteBy riste19/01/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По завршувањето на претквалификациите минатата недела и последните натпревари од групната фаза на Европското првенство, познати се сите шеснаесет репрезентации кои ќе се борат за место во априлскиот втор бараж за Светското првенство следната година во Полска и Шведска.

    Македонија ќе биде носител и скоро сигурно фаворит во мартовскиот прв бараж. Швајцарија и Романија, со кои игравме и добро минавме во последните неколку години се најтешките противници, додека Естонија, Финска и Фарски Острови се селекции со најскромен рејтинг. Ќе се играат два натпревари на 14 и 20 март, а поуспешниот ќе ја чека следната ждрепка.

    Носители во првиот бараж за СП:
    Македонија
    Австрија
    Босна и Хергеговина
    Украина
    Литванија
    Португалија
    Словачка
    Словенија
    Белорусија

    Неносители во првиот бараж за СП:
    Белгија
    Естонија
    Фарски Острови
    Финска
    Израел
    Грција
    Италија
    Романија
    Швајцарија

    Доколку Македонија ја мине првата пречка од квалификациите, во април ќе добие противник од Европското првенство. Имено, со исклучок на домакините – организатори Полска и Шведска, противници може да ни бидат oстанати репрезентации од Европското првенство кое е во тек. Натпреварите од вториот бараж ќе се играат на 11 и 17 април.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.