По завршувањето на претквалификациите минатата недела и последните натпревари од групната фаза на Европското првенство, познати се сите шеснаесет репрезентации кои ќе се борат за место во априлскиот втор бараж за Светското првенство следната година во Полска и Шведска.
Македонија ќе биде носител и скоро сигурно фаворит во мартовскиот прв бараж. Швајцарија и Романија, со кои игравме и добро минавме во последните неколку години се најтешките противници, додека Естонија, Финска и Фарски Острови се селекции со најскромен рејтинг. Ќе се играат два натпревари на 14 и 20 март, а поуспешниот ќе ја чека следната ждрепка.
Носители во првиот бараж за СП:
Македонија
Австрија
Босна и Хергеговина
Украина
Литванија
Португалија
Словачка
Словенија
Белорусија
Неносители во првиот бараж за СП:
Белгија
Естонија
Фарски Острови
Финска
Израел
Грција
Италија
Романија
Швајцарија
Доколку Македонија ја мине првата пречка од квалификациите, во април ќе добие противник од Европското првенство. Имено, со исклучок на домакините – организатори Полска и Шведска, противници може да ни бидат oстанати репрезентации од Европското првенство кое е во тек. Натпреварите од вториот бараж ќе се играат на 11 и 17 април.

