Кошаркарите на Голден Стејт синоќа на гостувањето кај Хјустон славеа со 122:108. Стивен Кари го предводеше својот тим до шестата последователна победа со 40 поени, од кои дури 21 во последниот дел од средбата, а придодаде и девет асистенции и пет скока. Ендрју Вигинс со 23 поени беше втор поентер кај „воините“, кои со оваа победа остануваат втори на Западот.
Оклахома на домашен терен го совлада Портланд со 98:81 и со тоа ја прекина серијата од седум последователни порази во НБА лигата.
Филаделфија ја обезбеди петтата победа во низа на домашен терен, откако по продолжение против Мемфис славеше со 122:119. Најдобар играч во победничкиот тим беше Џоел Ембид, а најефикасен беше Тајрис Мекси со 33 поени и осум асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Кливленд – Њу Орлеанс 93:90
Индијана – ЛА Клиперс 122:116
Филаделфија – Мемфис 122:119 (прод.)
Бостон – Мајами 122:92
Атланта – Торонто 100:106
Њујорк – Сакраменто 116:96
Оклахома Сити – Портланд 98:81
Хјустон – Голден Стејт 108:122