Освојувачот на светскиот куп во биатлон Јоханес Тингнес Бое и неговиот колега од норвешкиот биатлон тим Ингрид Тандреволд ја пропуштија прес-конференцијата на тимот во Пекинг откако имале контакт со лице заразено со Ковид-19.
Тројца од норвешките скијачи во крос-кантри и еден тренер беа позитивни на Ковид-19 по предолимпискиот тренинг камп во Италија, што ги наруши плановите за патување на норвешкиот тим.
„Во извесна смисла, веќе не сме изненадени. Мора да бидете подготвени за се што може да се случи. Во моментов имаме карантинска ситуација која е доста досадна за погодените“, велат од норвешкиот тим.
Во сабота со мешаната штафета започнуваат натпреварите во биатлон на Игрите во Пекинг.