Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Дејвис: „Доколку сакаме успех во Лигата на шампионите, мора да победуваме дома“
    Ракомет

    Дејвис: „Доколку сакаме успех во Лигата на шампионите, мора да победуваме дома“

    risteBy riste21/02/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар ги очекува дуелот од 12. коло на Лигата на шампионите, во Скопје гостува ППД Загреб. Во Вардар секакод е4ка се сеќаваат на гостувањето во  Загреб во декември кога беа поразени и сега со сигурност ќе сакаат да му се реваншираат на хрватскиот тим.

    Загрепчани се во добра форма со седум победи во низа од кои претпоследната со ПИК Сегед, но и Вардар влегува во добра серија по победата над Монпелје минатото коло и тоа на гостински терен.

    На прес-конференцијата пред натпреварот со ППД Загреб зборуваше тренерот Давид Дејвис Камара. Според него, одбраната повторно може да биде клучот за победа на оваа средба.

    „Работевме заедно еден месец. Од натпревар во натпревар играме подобро. Ако имавме повеќе време ќе игравме многу подобро. Мора бргу да се подготвиме за Загреб, да направиме добра тактика и да имаме многу респект за Загреб кој игра добро. Февруари е многу важен месец, потребни се сите бодови. Ако сакаш да направиш успех во ЛШ, мора секогаш да победуваш дома. Ќе има борба и ќе биде тешко, а ние сакаме да одиме едно место погоре во групата со победа над Загреб. Еден натпревар е еден натпревар. Победата над Монпелје беше добра, луѓето веруваат во системот, а кога функционира добро е круцијално. Оваа победа беше искуство за помладите играчи. Нашата цел е да бидеме меѓу шесте во групата кои одат понатаму. Триумфот над Монпелје е добар, ама одиме чекор по чекор. Потребни ни се навивачите, се сеќавам на одличната атмосфера од претходните години. Во мојот систем е главна одбраната и голманите, а ако тие функционираат доаѓа до победа. За мене најважна е дефанзивата, па така ќе биде и со Загреб“, изјави Давид Дејвис.

    Вардар и ППД Загреб својот натпревар од Лигата на шампионите ќе го одиграат в среда со почеток до 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.