Ракометарите на Вардар ги очекува дуелот од 12. коло на Лигата на шампионите, во Скопје гостува ППД Загреб. Во Вардар секакод е4ка се сеќаваат на гостувањето во Загреб во декември кога беа поразени и сега со сигурност ќе сакаат да му се реваншираат на хрватскиот тим.
Загрепчани се во добра форма со седум победи во низа од кои претпоследната со ПИК Сегед, но и Вардар влегува во добра серија по победата над Монпелје минатото коло и тоа на гостински терен.
На прес-конференцијата пред натпреварот со ППД Загреб зборуваше тренерот Давид Дејвис Камара. Според него, одбраната повторно може да биде клучот за победа на оваа средба.
„Работевме заедно еден месец. Од натпревар во натпревар играме подобро. Ако имавме повеќе време ќе игравме многу подобро. Мора бргу да се подготвиме за Загреб, да направиме добра тактика и да имаме многу респект за Загреб кој игра добро. Февруари е многу важен месец, потребни се сите бодови. Ако сакаш да направиш успех во ЛШ, мора секогаш да победуваш дома. Ќе има борба и ќе биде тешко, а ние сакаме да одиме едно место погоре во групата со победа над Загреб. Еден натпревар е еден натпревар. Победата над Монпелје беше добра, луѓето веруваат во системот, а кога функционира добро е круцијално. Оваа победа беше искуство за помладите играчи. Нашата цел е да бидеме меѓу шесте во групата кои одат понатаму. Триумфот над Монпелје е добар, ама одиме чекор по чекор. Потребни ни се навивачите, се сеќавам на одличната атмосфера од претходните години. Во мојот систем е главна одбраната и голманите, а ако тие функционираат доаѓа до победа. За мене најважна е дефанзивата, па така ќе биде и со Загреб“, изјави Давид Дејвис.
Вардар и ППД Загреб својот натпревар од Лигата на шампионите ќе го одиграат в среда со почеток до 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.