Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар нема право на кикс против ППД Загреб
    Ракомет

    Вардар нема право на кикс против ППД Загреб

    risteBy riste23/02/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По победата на гостувањето кај Монпелје на отворањето на вториот дел од сезоната во Лигата на шампионите, Вардар вечерва го игра клучниот натпревар за пласман во осминафиналето во ова натпреварување. Доколку момците на Давид Дејвис Камара сакаат да останат во игра за елиминациона фаза во елитата, вечерва мораат да слават над ППД Загреб.

    Натпреварот меѓу овие две екипи кои многу добро се познаваат ќе го даде одговорот за вистинскиот квалитет на Вардар во овој момент. Со доаѓањето на Дејвис на местото на Вујовиќ, „црвено-црните“ видно го променија стилот на игра, но сè уште имаат простор за напредување во играта.

    Победата над францускиот тим беше извојувања меѓу два порази од хрватскиот вицешампион Нексе Нашице. Секако дека СЕХА лигата не е на рангот на Лигата на шампионите, но во овој момент секоја победа е добредојдена за подиграње на самодовербата на ракометарите на Вардар, која беше загубена по лошите настапи и резултати во есенскиот дел од сезоната.

    Дејвис најверојатно одново ќе мора да импровизира во нападот, затоа што поради повреда нема да може да смета на првиот организатор Анте Гаџа, но вечерва би можел да дебитира новото засилување, младиот Стефан Додиќ, кој пред неколку дена од Охрид се пресели во редовите на шампионот.

    Противникот на Вардар, ППД Загреб е во добра форма во Лигата на шампионите и доколку избегне пораз во Скопје, многу веројатно ќе се најде меѓу најдобрите во најсилното натпреварување на ЕХФ.

    Мечот меѓу Вардар и ППД Загреб се игра вечерва во салата „Јане Сандански“, со почеток од 20:45 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.