Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, проговори за слабиот почеток на екипата на Мерцедес која очигледно има проблеми со болидот во новата сезона во Формула 1.
„Моментално заостануваат околу половина секунда во круг. Ќе им биде тешко да се борат за титулата иако ништо не се знае. Можеби ќе успеат да си ги решат проблемите“ – вели Марко.
Ф1 шампионатот продолжува на 10 април со трката за Големата награда на Австралија.