Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар убедливо поразен од Веспрем на првиот осминафинален меч од ЛШ
    Ракомет

    Вардар убедливо поразен од Веспрем на првиот осминафинален меч од ЛШ

    risteBy riste31/03/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар убедливо загубија во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч против Веспрем со 22:30 (11:15) на домашен терен. Натпреварот започна изедначено и Вардар имаше предност во првите дваесет минути, но потоа следуваше катастрофален финиш на првиот дел кој знаеше да го казни веспрем и да го заврши првото полувреме со предност од 15:11.

    Во вториот дел се беше решено уште во првите 15 минути во кои Вардар успеа да постигне само 2 гола, а тоа го искористи Веспрем и ја зголемуаше предноста која на момент беше и +9 гола разлика. До крајот на натпреварот се играше помирно, победникот беше решен и унгарскиот тим мирно го приведе дуелот до крај доаѓајќи до убедлива победа.

    И покрај тоа што загубија убедливо на оваа средба, вардарци сепак на крај беа испратени со аплауз од своите навивачи. Најдобар поединец на натпреварот беше Андреас Нилсон кој постигна осум погодоци, му помогна Петар Ненадиќ со шест, колку што дадоа и Филип Талески и Тимур Дибиров во редовите на Вардар. Оваа победа значи дека на реваншот кој ќе се игра во Унгарија, ќе биде чиста формалност, затоа што се знае тимот кој ќе оди во четвртфинале.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.