Ракометарите на Вардар убедливо загубија во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч против Веспрем со 22:30 (11:15) на домашен терен. Натпреварот започна изедначено и Вардар имаше предност во првите дваесет минути, но потоа следуваше катастрофален финиш на првиот дел кој знаеше да го казни веспрем и да го заврши првото полувреме со предност од 15:11.
Во вториот дел се беше решено уште во првите 15 минути во кои Вардар успеа да постигне само 2 гола, а тоа го искористи Веспрем и ја зголемуаше предноста која на момент беше и +9 гола разлика. До крајот на натпреварот се играше помирно, победникот беше решен и унгарскиот тим мирно го приведе дуелот до крај доаѓајќи до убедлива победа.
И покрај тоа што загубија убедливо на оваа средба, вардарци сепак на крај беа испратени со аплауз од своите навивачи. Најдобар поединец на натпреварот беше Андреас Нилсон кој постигна осум погодоци, му помогна Петар Ненадиќ со шест, колку што дадоа и Филип Талески и Тимур Дибиров во редовите на Вардар. Оваа победа значи дека на реваншот кој ќе се игра во Унгарија, ќе биде чиста формалност, затоа што се знае тимот кој ќе оди во четвртфинале.