Светскиот шампион во Формула 1 од 1996 година, Дејмон Хил, проценува дека Шарл Леклер треба да биде внимателен со „избрзаните акции“ и даде пример за адаптацијата на Серхио Перез кој се бори за светската титула.
„Видовме дека Леклер имаше шанса на Имола да забележи добар пласман, но, тој сакаше да повеќе, што беше премногу амбициозно,“ – вели Хил.
Британецот прокоментира дека Леклер треба да го промени пристапот кон трките, бидејќи е претендент за светската титула и лидер во поредокот.

