Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар оди на 15-та, а Еурофарм Пелистер по 7-ма Куп титула
    Ракомет

    Вардар оди на 15-та, а Еурофарм Пелистер по 7-ма Куп титула

    risteBy riste15/05/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Денес се игра финалето на ракометниот Куп на Макеоднија, а во завршницата за титулата ќе се борат двете најквалитетни екипи во нашата земја. Вардар  и Еурофарм Пелистер не дозволија изненадување и оваа сезона ќе се сретнат во финалето од завршницата во Купот на Македонија.

    Ривалството меѓу Скопје и Битола се врати, по повеќе од една деценија битолскиот клуб е конкурентен за трофеите, па вечерва во салата „Јасмин“ во Кавадарци нè очекува уште еден возбудлив и неизвесен дуел, кој ќе биде зачинет и со присуство на двете навивачки групи. „Комити“ и „Чкембари“  кои најавија свое присуство во Кавадарци, што ќа му даде дополнителен квалитет на завршниот ден од Купот на Македонија.

    Двете екипи оваа сезона одиграа четири натпревари во домашниот шампионат и уште по еден во Суперкупот на Македонија  и Струшниот турнир. Во Суперлигата Вардар е поуспешен со две победи, реми и еден пораз, а „црвено-црните“ беа поуспешни и во Струга. Еурофарм Пелистер пак славеше во Суперкупот и по долга пауза освои домашен трофеј. Вардар е најтрофеен во ова натпреварување со 14 титули, а битолскиот тим има шест, од кои последниот го освои пред седумнаесет години.

    Финалниот натпревар меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер започнува во 19:30 часот, а ќе можете да го следите и низ нашата програма.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.