Шарл Леклер кој ја има лидерската позиција во Ф1, вели дека не е загрижен за брзината на Ред Бул која му донесе победи на Макс Верстапен на последните две трки во Имола и Мајами.
„Факт е дека Ред Бул постојано го подобрува болидот и неговите перформанси. Мислам дека сите бевме свесни дека тоа ќе се случи. Ред Бул се многу силен тим, го знаеме тоа, тука нема изненадување“ – вели Леклер.
„Уверен сум во можностите на Ферари и сигурен сум дека подобрувањата во болидот ќе не вратат на врвот. Се надевам дека промените ќе ни помогнат повторно да се бориме со Ред Бул“ – додаде Леклер.

