Кошаркарите на Далас синоќа на домашен терен славеа над Голден Стејт со 119:109 и намалија на 3:1 во финалето на Западот. Лука Дончиќ со 30 поени и 14 скока беше лидер кај Мавси на патот до првата победа. Тоа беше 10-ти дабл-дабл во 14 натпревари во плеј-офот за словенечкиот кошаркар.
Во тимот на Голден Стејт најефикасен беше Стивен Кари со 20 поени, осум асистенции и пет скока. Тоа беше негов 100-ти натпревар во плеј-офот во кој постигна најмалку 20 поени.
Следниот меч од финалето на Западот се игра во ноќта меѓу четврток и петок во Калифорнија.