Легендарната американска спринтерка, Алисон Феликс, по осум години од нејзиното прво појавување на Златниот Спајк во Острава, на 31 мај ќе се врати во Чешка.
Носителката на 11 олимписки медали која објави дека 2022 година ќе и биде последна во атлетиката, ќе стартува на трката на 200 метри во главниот град на Чешка.
Во 2014 година, Феликс победи во Острава во спринтот на 200 метри со време од 22,75 секунди. Истата година таа го освои дијамантскиот трофеј со најдобар резултат во светот од 22,02 сек.

