Хокеарските репрезентации на Финска, САД, Канада и Чешка се пласираа во полуфиналето на Светското првенство од елитната дивизија што се игра во Финска.
Домаќините на овој шампионат во четвртфиналето во Тампере ја победија Словачка со 4:2, додека селекцијата на САД во Хелсинки беше подобра од Швајцарија со 3:0. Претходно пласман во полуфиналето обезбедија селекциите на Канада и Чешка. Канада ја победи Шведска, а Чешка Германија.
Во полуфиналето, кое е закажано за в сабота во Тампере, ќе се сретнат Финска – САД, како и Канада – Чешка. Канада ја брани светската титула.

