Мексиканецот, Серхио Перез, со болидот на Ред Бул победи на хаотичната трка низ улиците на Монако возена во рамките на светскиот шампионат во Формула 1.
Второто место му припадна на членот на Ферари, Карлос Саинц додека трет низ целта помина Макс Верстапен вториот возач на Ред Бул.Натаму до 10-то место се наредија: Леклер, Расел, Норис, Алонсо, Хамилтон, Ботас и Фетел.
Трката започна со едночасовно задоцнување и со помош на безбедносното возило поради лошите временски услови. Потоа дојде тешкиот инцидентот на Мик Шумахер и прекинот кој траше 30 минути. На крајот по речиси три часа возбудувања, возачите поминаа само 64 кругови на патеката или 13 помалку од предвидената бројка.

