Откако возачот на Ферари, Чарлс Леклер, изјави дека не е задоволен од тоа што се случуваше во неговиот бокс на трката во Монако, реагираше поранешниот шампион во Формула 1, Дејмон Хил.
„Мислам дека на Ферари им е добро познато дека направија многу грешки. Возачот може да го критикува тимот додека тоа не стане проблем“ – вели Хил кој ја освои титулата во 1996 година.
Леклер сега заостанува 9 поени зад Макс Верстапен иако по првите 3 трки имаше дури 46 поени предност.

