Познатата патека Ред Бул Ринг во Австрија која е дел од календарот во Формула 1, во наредните два дена биде домаќин на втората трка од првенството на – „Twingo Cup“ на која ќе настапат рекорден број возачи – 34.
Македонија има девет претставници кои ќе се обидат да ја победат конкуренцијата од Словенија, Италија, Србија, Чешка и од Австрија. Покрај за Twingo Cup истите трки ќе се бодуваат и за FIA CEZ првенството и за националните првенства на Словенија и на Македонија.
Првата трка е утре од 19,30 часот а втората в недела од 10,55 часот.

