Актуелниот Ф1 шампион Макс Верстапен ја заврши трката за ГН на Азербејџан на првата позиција и со тоа им се врати на победите во Ф1 шампионатот. Ф1 тимот на Ферари, доживеа катастрофа затоа што двата болида се откажаа поради дефекти, најнапред Карлос Сајнц се откажа поради проблеми со кочниците, а потоа слипен проблем имаше и Шарл Леклерк на кој како лидер му откажа моторот.

Целата ситуација максимално ја искористи тимот на Ред Бул кој дојде до двојна победа. Првото место му припадна на шампионот Макс Верстапен, зад него беше клупскиот колега Серхио Перез, додека третото и четвртото место им припаднаа на двата болида на Мерцедес, управувани од Расел и Хамилтон. Бодови на оваа трка освоија уште Пјер Гасли, Себастијан Фетел, Фернандо Алонсо, Даниел Рикардо, Луис Норис и Естебан Окон.
Следната трка во Ф1-шампионатот се вози во Канада, на 19 јуни од 20:00 часот по средноевропско време.

