Членот на Хаас, Кевин Магнусен, вели дека викенд-трката за Големата награда на Канада ќе биде многу тешка за возачите на Формула 1.
„Монтреал е многу кул место. Патеката е убава, единствена , наликува на улична , но, во исто време и на хибрид, што многу ми се допаѓа. Исто така е многу нерамномерна и значително ќе ни отежни со новите болиди“ – вели Магнусен.
„Целта е да освоиме бодови. Мислам дека имаме возило за да го направиме тоа. По Канада ќе имаме европска сезона без долги патувања – едвај го чекам тоа“ – изјави Магнусен.
