Шпанската престолнина Мадрид побара преку официјално писмо упатено до претседателот на Формула 1, Стефано Доменикали, градот да добие трка во така наречениот – „циркус на тркала.
Шпанското ГП е на патеката покрај Барселона – „Каталуња“ од 1991 година но, договорот истекува во 2026 година.
-Мадрид нуди голем спортски и забавен спектакл. Нашиот регион има фантастичен економски и социјален развој во последните неколку години и стануваме престижна дестинација“, се вели во писмото упатено до Доменикели.

