Мерцедес најави дека болидот W13 ќе има драстично подобрување за наредната трка во Формула 1 која ќе биде возена за Големата награда на Британија.
Директорот наекипата, Мајк Елиот, ги најави промените без многу да навлегува во истите. Тој сепак не крие дека е оптимистички расположен.
„Сигурно ќе се обидеме да бидеме што е можно подобри. Ќе имаме нови компоненти кои треба да му дадат стабилност и брзина на болидот на патеката Силверстоун. Ќе биде многу тешко да останеме во чекор со Ред Бул и Ферари“ – вели Елиот.

