Ред Бул ги објави плановите за производство на првиот сериски автомобил кој ќе ја носи ознаката – RB17 и со тоа ќе се вклопи во серијата тркачки автомобили на компанијата за Формула 1.
Автомобилот треба да се појави во 2025 година и ќе се произведува во базата во Милтон Кејнс. Дизајнот на RB17 му беше доверен на Адријан Њуи.
Спортскиот модел кој ќе има две седишта ќе го придвижува V8 бензински мотор кој работи на хибриден систем. Неговата моќност ќе бидепреку 1100 коњски сили